СУГС гимназија “Орце Николов” Скопје , годинава слави 70 години постоење и успешна работа.
По тој повод се организираат пет настани, а еден од нив беше и концертот на класична музика “Звуци под ѕвездите”. Ова е 3 то издание на овој концерт, кој нуди можност , јавноста да се запознае со можностите за негување на класичната музика и во рамките на другите училишта, не само во музичките училишта од државава.
Учениците кои се дел од последниот концерт , 12 мина, со голема љубов работат под ментроство на Сузана Тнокова Кузмановска.