Резултати и извештај од одржаниот државен натпревар за бендови од средните училишта на Р.С. Македонија, организиран од ЗМП во НУЦК “Кочо Рацин“ во Кичево на 14.05.2024 со почеток во 12:00 часот.
Организација на лице место му беше назначена на колегата Горан Делевски, а стручната комисија беше во состав: претседател на комисија Бурим Хидри и членовите Јетмир Мехмеди и Андреј Угриновски.
Колегата Горан овозможи идеални услови за натпреварот да се одвива успешно и непречено.
На државниот натпревар оствариле пласман шест бендови, плус бендот домаќин кој се здобил со директен пласман на државниот натпревар, а тоа беа бендовите од следните средни училишта и се здобија со следните резултати:
СОУ „Цар Самоил“ Ресен, ментор м-р Марија Јосифовска –Прва награда со освоени 99 бодови
СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ Скопје, ментор Кристијан Стојановски –Прва награда со освоени 98 бодови
СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, ментор Наташа Велеска – Прва награда со освоени98 бодови
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, ментор д-р Татјана Ивановска – Прва награда со освоени97 бодови
СОУ „Мирко Милески“ Кичево, ментор Горан Делевски – Прва награда со освоени95 бодови
СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, ментор Младен Костадинов – Прва награда со освоени93 бодови
Бендот од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп со ментор Славица Конеска Темелкоска биле спречени да учествуваат на натпреварот.
Комисијата вонредно одлучи да се додели и награда за најдобар гитарист, а ја доби Наум Стефаноски од СОУ „Мирко Милески“ од Кичево
Leave a Reply