Длабоко сочувство за трагедијата во Кочани

Со длабока тага и болка во срцето, Здружението на Музички Педагози (ЗМП) го изразува своето најискрено сочувство за трагичната загуба на млади животи во пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани на 16 март. Нашите мисли се со семејствата и пријателите на загинатите, како и со повредените кои се борат за живот.

Музиката треба да носи радост и да обединува, но таа вечер се претвори во незамислива трагедија. Загубата на толку млади души, меѓу кои и талентирани музичари и почитувани колеги, е ненадоместлива за нашата заедница.

Нека спомените за загинатите останат вечно во нашите срца. Нека почиваат во мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *