Повик за учество државни натпревари 2024/2025

Здружението на музички педагози на Република Македонија објавува

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

на натпревари од областа на музиката за основно и средно образование.

Право на учество имаат само ученици во основните и средните училишта.

ХОР

Категорија – основното образование
Боб Тејл/Џорџ Давид Вајс – Колку прекрасен свет ( Luis Armstrong – What a wonderful world)

Категорија – средно образование
Џејмс Е. Мур – Ирски Благослов (James E. Moore – An Irish Blessing)

Во сите категории треба да се испеат две песни од кои првата е зададена задолжителна композиција. Задолжителната композиција за средно може да биде изведена во верзија за еднороден и за мешан хор. Дозволено е менување на тоналитетот или неколку тонови согласно можностите на хорот. Втората композиција е по слободен избор. Композициите да бидат акапела и без големи солистички делници.

ОРКЕСТАР

Категорија –  основното образование
Франц Шуберт – Пчела (François Schubert – Die biene)

Категорија –  средно образование
Астор Пиацола – Либертанго (Astor Piazzolla – Libertango)

Во сите категории треба да се исвират две композиции од кои првата е зададена задолжителна композиција. Во задолжителната композиција дозволено е менување на тоналитетот и изработка на аранжман согласно составот на оркестарот во училиштетот. Втората композиција е по слободен избор

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ/УМЕТНОСТ/КУЛТУРА

тема ВОКАЛНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Категорија – Ученици во основните училишта од шесто до девето  

Категорија – Ученици во гимназиите

Категорија – ученици во средните стручни училшта

Вокалните солисти настапуваат со матрица која сами ја обезбедуваат. Треба да настапат со една композиција по избор согласно програмата.

НАЧИН НА ОДРЖУВАЊЕ

Сите натпревари ќе се одржат во три круга

  • општински натпревари
  • регионални натпревари
  • државен натпревар

Регионалните и општинските натпревари ќе се реализираат со физичко присуство во регионите каде регионалните одбори ќе обезбедат услови , односно без физичко присуство со испраќање видео снимка во регионите каде регионалните одбори така ќе одлучат, за што пријавените ќе бидат дополнително известени. Снимките за регионалните натпревари треба да бидат направени без студиска опрема односно да бидат снимени со една камера на/крај која ќе биде еден микрофон/и.  Снимките не смеаат да бидат монтирани од повеќе делови

Државниот напревар ќе се одржи со физичко присуство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

(хор, оркестар, ансамбли, солисти)

Државниот напревар ќе се одржи со физичко присуство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

(хор, оркестар, ансамбли, солисти)

Вкупно 100 поени.

  • избор на репертоар
  • ритам   
  • став и изглед при настап
  • интонација
  • интерпретација на стил, агогика и динамика

Жирито ќе биде составено од три членови кои ќе бидат со соодветни квалификации и признанија и авторитет , а ќе бидат предложени и одобрени од Управниот одбор на ЗМП.

Дипломи и награди

Сите учесници ќе добијат дипломи и пригодни награди .

до 60 поени Диплома за учество

од 61 до 75 поени – Трета награда

од 76 до 90 поени –  Втора награда

од 91 – 100 поени – Прва награда

РОКОВИ И ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со поплнување онлајн апликација на страната на здружението www.muzika.org.mk  од 1 до 20 Април.

Покрај поплнета пријава да се достави потврда за уплатена котизација (копија од уплатница) од 1000 денари за ансамблите за регионалните и државните смотри и 600 денари за солисти за регионалните смотри. Средствата да се уплатат на следната сметката:

Здружението на музички педагози на Република Македонија

300000001410804

Комерцијална банка

Сите собрани средства ќе се искористат за трошоците за организација, обезбедување награди и за другите планирани проекти на ЗМП.

Општинските и Регионалните натпревари ќе се одржат од  25 Април до 30 Април а Државните од 5 Мај до 15 Мај за што дополнително ќе биде објавен точен датум и место.

Viva la Musica!

Во прилог подолу е документот кој треба да го доставите до службата во училиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *