ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ МУЗИЧКА УМЕТНОСТ ИМУЗИЧКА КУЛТУРА ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА
ЗДРУЖЕНИЕ НА MУЗИЧКИТЕ
ПЕДАГОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРАВИЛНИК
ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ
ПО ПРЕДМЕТИТЕ
МУЗИЧКА УМЕТНОСТ И
МУЗИЧКА КУЛТУРА
ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Охрид, 25 Март 2023 година
Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр. 19-2249/1 од 05.03.2013 година, бр.20-2928/1 oд 02.03.2017 година и бр.13-5583/1 од 29.3.2021 година, и член 12 од Стаутот на Здружениото на музички педагози на Република Македонија Управниот Одбор на седницата одржана на 25.03.2023 година го усвои следниов:
ПРАВИЛНИК
Општи одредби
Член 1
Со овој правилник се утврдуваат начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по предметите Музичка уметност и Музичка култура на општинско, регионално и државно ниво во средното образование.
Член 2
Натпреварите се организираат за да се вреднува знаењето, умеењето, вештините и способностите на учениците по наставните предмети Музичка уметност и Музичка култура.
Содржината на натпреварите е соодветна на возраста на учениците и се темели на наставниот план и наставната програма за средно образование.
Член 3
Натпреварите се оргзанизираат на општинско, регионално и државно ниво од Здружението на музички педагози на Република Северна Македонија, во понатамошниот текст Здружението, кое е формирано од наставниците кои ги предаваат предметите за кои се организираат натпреварите.
Цели и задачи на натпреварите
Член 4
Цели на натпреварите се:
- вреднување на нивоата на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците;
- рангирање според постигањата на учениците;
- откривање на учениците кои се надарени или талентирани за одредена област;
- збогатување на наставниот процес со проширени и продлабочени содржини за учениците кои покажуваат интерес по одделни наставни предмети;
- промовирање на постигањето на учениците и воспитно-образовната работа на училиштето;
- поттикнување на натпреварувачкиот дух, тимската работа и развивање на толеранција кај учениците
Член 5
Задачи на натпреварите се:
- преглед на работата на средното училиште;
- размена на искуства и добри практики меѓу наставниците;
- професионален развој на наставниците;
- промоција на учениците:
- проширување на заемната соработка на воспитно-образовната работа и
- промовирање на општествената одговорност на компаниите како форма на пддршка на натпреварите
Наставни предмети и категории
Музичка уметност
Член 6
Натпреварите по наставниот предметот Музичко уметност се организира на теми од наставната програма во 4 категории:
- прва година;
- втора година;
- трета година;
- четврта година.
Музичка култура
Член 7
Натпреварите по предметот Музичка култура се организираат во една катеогорија.
Организациски одбор
Член 8
Извршниот одбор на Здружението секоја година за тековната учебна година формира тело т.н. организациски одбор од 5 членови од кои еден е претседател.
Член 9
Задачи на организациониот одбор:
- Утврдува теми, композиции за нтпреварите согласно наставниот план и програма;
- Изработува унифицирани формулари за оценување согласно поставените критериуми;
- Утврдува календар и временски рокови на натпреварите;
- Определува место за одржување на натпреварите на општинско, регионално и државно ниво;
- Организацискиот одбор одредува координатори по општини и региони;
- Ги информира училиштата за организацијата на натпреварите;
- Формира стручни оценувачки комисии;
- Врши надзор на примената на Правилникот и пропозициите на натпреварите;
- Прави анализа и обработка на пријавите доставени за натпревари;
- Ги утврдува и верификува ранг листите на натпреварите по Музичка уметност и Музичка култура;
- Ги преведува упатствата на задачите за работа на јазик на националностите кои учествуваат;
- Го информира Министерството за образование и Биро за развој на образование за натпреварите;
- Доделува дипломи, пофалници, уверенија и награди.
Јавност во работата
Член 10
На почетокот од учебната година, но не подоцна од 1-ви Октомври, Организацискиот одбор распишува Јавен повик за учество во натпреварите кој ги содржи пропишаните теми, правилата и пропозициите на натпреварот, начинот на оценување и бодирање, начинот и роковите за пријавување.
Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Здружението, се доставува до Бирото за развој наобразованието, се доставува до општинските координатори и се испраќа на електронска пошта на училиштата.
Комисија за оценување
Член 11
За утврдување на постигнатите резултати на учениците се формираат Комисии за оценување кои се составени најмалку од три члена, од кои еден е од Бирото за развој на образованието, а другите од од редот на наставниците.
Член 12
Задачи на членовите на комисиите за оценување се:
- На натпреварите по сите нивоа, оценувачката комисија е должна да го применува овој правилник и пропозиции;
- Да проценува за исполнетост на сите потребни услови за реализација на натпреварувачот;
- објективно, непристрасно и согласно поставените критериуми да ги оценат натпреварувачите.
- Членовите на комисијата користат унифицирани формулари за оценување во кои ги внесуваат своите оцени и ги верификуваат со својот потпис.
- Ги објавуваат резултатите од натпреварите;
- Одлучуваат по поднесени приговори;
- Конечните резултати ги внесуваат во Записник кој заедно со формуларите за оценување ги доставуваат до Организацискиот одбор.
Член 13
По одлуката на Оценувачките комисии натпреварувачите имаат право на приговор во рок од 90 минути по објавувањето на резултатите.
Комисијата треба да се произнесе по сите приговори и да ја објави конечната ранг листа во рок од 60 минути по заврпувањето на рокот за приговори.
Одлуката на Комисијата по приговорите е конечна.
Член 14
Член на комисијата несмее да биде ментор на натпреварувач во истата област.
Доколку се наоѓа во друга ситуација на судир на интереси должен е да пријави кај организаторот.
Рангирање на постигнатите резултати
Член 15
Постигнатите резултати се рангираат во четири категории.
Остварени до 55% од поставените задачи – Диплома пофалница
Меѓу 55 и 70 % од поставените задачи – Диплома за трета награда
Меѓу 71 и 85 % од поставените задачи – Диплома за втора награда
Меѓу 86 и 100 % од поставените задачи – Диплома за прва награда
Степенот на остварен успех се изразува со поени, каде целосно исполнување на поставените критериуми е еднакво на 100 поени.
Дипломи и награди
Член 16
На учениците кои ќе покажат знаења и вештини согласно поставените критериуми им се доделуваат соодветни дипломи: Дипломи пофалници, Дипломи за трета награда, Дипломи за втора награда и Дипломи за прва награда на секоја етапа од натпреварот: општински, регионлаен и државен.
На учениците можат да им се доделат и специјални дипломи за што одлучува оценувачката комисија.
На учениците покрај дипломи можат да им се доделат материјални, парични или други награди доколку истите однапред се обезбедени од Здружението.
Конкурирање за награда од МОН
Член 17
На државниот натпревар на трите прворангирани во секоја категорија се доделуваат Дипломи за освоено прво, второ и трето место и им се издава потврда со која може да конкурираат во МОН за пропишаните награди согласно Законот за средно образование.
Само три натпреварувачи можат да ги заземат првите три места, односно не може двајца или повеќе натпреварувачи да делат исто место.
Доколку се случи да има повеќе натпреварувачи со ист број поени местата ќе ги заземат натпреварувачите кои се со помала возраст или ансамблот кој е составен од членови на помала возраст.
Организација на натпреварот на општинско, регионално и државно ниво
Член 18
Натпреварот се организира на општинско, регионално и државно ниво. Ако има помалку од 10 пријавени ученици на ниво на општина на тие ученици им се дава можност да се присоединат на соседната општина.
Учениците кои на општинскиот натпревар ќе покажат високо ниво на знаење и вештина и кои ќе исполнат над 85% од поставените стандарди односно кои ќе освојат над 85 поени се пласираат на регионален натпревар.
Учениците кои ќе покажат високо ниво на знаење и вештина и кои ќе исполнат над 85% од поставените стандарди на регионално ниво односно кои ќе освојат над 85 поени се пласираат на државен натпревар.
Региони
Член 19
Регионалниот натпревар се организира во 8 региони и тоа: Скопски, Полошки, Југо-западен, Пелагонски, Повардарски, Југо-источен, Источен и Северо-источен.
Рокови и временска рамка
Член 20
Општинските натпревари се организираат во втора половина од март, регионалните во прва половина од април, а државниот натпревар се организира во втора половина од април.
Точните датуми се утврдуваат со годишниот календар и се води сметка да не бидат на државен празник.
Финансирање на натпреварот
Член 21
Напреварот се финансира со:
- котизација на учесниците
- средства обезбедени од спонзори
- средства остварени од влезници
- други средства обезбедени од Здружението
- превоз за натпреварувачите обезбедува и организира нивното училиште.
Начин на пријавување
Член 22
Пријавувањето се врши со доставување пријава заверена во училиштето какои список на ученици и партитури (композиции) за учество на натпревар најдоцна до 1 Март.
Пријавата ги содржи следните податоци: училиште, град, категорија, податоци на ученикот и менторот заверени од директорот на училиштето, материјалите со кои настапува, потврда за уплатена котизација.
Одговорниот наставник ментор пријавата ја доставува до кординаторот.
Ученикот не може самостојно да се пријави на општински, регионален или државен натпревар без својот наставник ментор.
Место и начин на одржување
Член 23
Напреварите се одржуваат во училиштата.
Училиштата кои ќе бидат одбрани за домаќини на натпреварите писмено се известуваат најмалку 15 дена пред одржување на натпреварите, а списокот на училиштата домаќини се доставува во МОН најмалку 7 дена пред одржувањето на натправарите.
По проценка и предлог на организацискиот одбор може натпреварите да се одржуваат без физичко присуство, односно онлајн.
По проценка и предлог на Организцискиот одбор натпреварите може да се одржуваат и во друг простор обезбеден од Здружението.
Дисквалификација
Член 24
За време на одржување на натпреварите, менторите и водачи на учесниците не смеат да комуницираат со своите натпреварувачи за време на натпреварот, освен во дисциплини со изведбена активност во која учествуваат и менторите како диригенти.
За време на изведбените активности не смее на било каков начин намерно да се деконцентрираат натпреварувачите.
Непочитувањето на општите правила може да доведе до дисквалификување на натпреварувачот за што одлука донесува оценувачката комисија на предлог од било кој натпреварувач.
Завршни одредби
Член 25
Овој Правилник влегува во сила на денот на неговото одобрување од страна на Комисијата за акредитација при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Охрид, 25.03.2023
Претседател
м-р Александар Димоски
Leave a Reply