Почитувани,
Здружението на музички педагози (ЗМП) со особена чест и одговорност Ве поканува на трибина на тема:
„Kоренот на проблемите во наставата по музика во основните и средните општи училишта“
Овој настан има за цел да ја отвори јавната дискусија за актуелната состојба на музичкото образование во нашите училишта, предизвиците со кои се соочуваат наставниците и учениците, како и причините поради кои хоровите и оркестрите, како значаен дел од музичката култура и воспитување, се сѐ помалку застапени во образовниот систем.
Трибината ќе ја води еминентниот музички педагог и диригент, проф. Запро Запров, долгогодишен застапник за унапредување на музичката култура во образовните институции, со богато искуство и длабоко познавање на состојбата во оваа област.
Настанот ќе опфати:
Презентација и анализа на моменталната состојба
Идентификување на системските и институционалните пречки
Размена на искуства и предлози од страна на присутните наставници, стручњаци и родители
Поттикнување иницијативи за конкретни промени во наставните програми и поддршка на хорската и оркестарската практика
Датум и време: 14.05.2025 , 16:15h
Локација: Мала сала на Македонската филхармонија
Ве охрабруваме да земете активно учество и да придонесете со своето мислење и искуство во градењето на подобра иднина за музичкото образование во Македонија.
Вашето присуство е значајно. Заедно можеме да иницираме промена!
Со почит,
Здружение на музички педагози – ЗМП
Leave a Reply