Симни пријави:
Здружението на музички педагози на Република Македонија објавува
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
на натпревари од областа на музиката за основно и средно образование
Право на учество имаат само ученици во основните и среднитеучилишта
ХОР
Категорија – основно образование(I-Vодделение)
Задолжителна композиција: „Banaha“
Категорија – основно образование (VI-IX одделение)
Задолжителна композиција: „На сред село тапан чука“ Драган Шуплевски
Категорија – средно образование
Задолжителна композиција: „Ahi che occhi miei“ Џ.П. де Палестрина
Во сите категории треба да се испеат две композиции од кои првата е зададена задолжителна композиција, а втората композиција е по слободен избор. Задолжителната композиција за средно може да биде изведена во верзија за еднороден и за мешан хор.
Дозволено е менување на тоналитетот или неколку тонови согласно можностите на хорот.
Композициите треба да бидат изведени акапела и без големи солистички делници.
ОРКЕСТАР
Категорија – основно образование (I-V одделение)
Задолжителна композиција: „Анушка“ (орфов оркестар)
Категорија – основно образование(VI-IXодделение)
Задолжителна композиција: „Што ми е мило“ Драган Шуплевски (орфов, мешан, мандолински оркестар)
Категорија – средно образование
Задолжителна композиција: „Bellaciao“ Италијанска
Во сите категории треба да се отсвират две композиции од кои првата е зададена задолжителна композиција, а втората композиција е по слободен избор. Во задолжителната композиција дозволено е менување на тоналитетот и изработка на аранжман согласно составот на оркестарот во училиштето.
УЧИЛИШЕН БЕНД (вокални, вокално-инструментални или инструментални)
Прва категорија – основно образование(I-Vодделение)
Втора категорија – основно образование(VI-IXодделение)
Трета категорија – средно образование
Училишните бендови можат да бидат вокални, вокално-инструментални или инструментални. Треба да изведат две композиции по избор. Композициите треба да бидат различни по карактер и темпо. Делниците од композициите не смее да се дуплираат односно за една делница еден ученик.
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ/УМЕТНОСТ/КУЛТУРА
тема ВОКАЛНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
Категорија – Ученици во основните училишта од шесто до деветоодделение
Категорија – Ученици во гимназиитеод прва до четврта година
Категорија – ученици во средните стручни училиштаод прва до четврта година
Вокалните солисти настапуваат со матрица која сами ја обезбедуваат.
Треба да настапат со една композиција по избор согласно програмата. При изборот на песната менторот треба да внимава на тежинското ниво кое треба да е прилагодено со можностите на ученикот и содржината на песната која не треба да содржи вулгарности, расни и верски поделби, националистички содржини и други содржини кои се косат со принципите на образовниот процес.
НАЧИН НА ОДРЖУВАЊЕ
Сите натпревари ќе се одржат во два круга:
• општински/регионални натпревари (Скопски, Повардарски, Полошки, Пелагониски, Источен, Југоисточен, Североисточен, Југозападен регион)
• државен натпревар
Регионалните/општинските натпревари ќе се реализираат без физичко присуство со испраќање видео снимка во периодот од 01 до 15 Април 2026 година. Снимките за регионалните натпревари треба да бидат направени без студиска опрема односно да бидат снимени со една камера на/крај која ќе биде еден микрофон/и. Снимките не смеат да бидат монтирани од повеќе делови. Снимките ќе бидат јавно објавени на страната на ЗМП за што треба да се потпише дозвола за јавно објавување. Врз основа на снимките ќе се направи избор за државниот натпревар на кој земаат учество најдобрите (освоени над 95 бодови на регионалниот натпревар), со услов да има најмалку еден учесник од секој регион во секоја категорија.
Државниот напревар за (Хор и Оркестар во основното и средното образование) ќе се одржи со физичко присуство во Кавадарци во периодот од 04 до 10 мај 2026 година (во работни денови), а за точниот датум и време ќе бидете благовремено известени.
Државниот напревар за (вокален интерпретатор и училишен бенд во основното и средното образование) ќе се одржи со физичко присуство во периодот од 10 до 20 мај (во работни денови), а за местото на одржување, точниот датум и време ќе бидете благовремено известени.
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
(хор, оркестар, ансамбли, бендови,солисти)
Вкупно 100 поени.
• избор на репертоар
• ритам
• став и изглед при настап
• интонација
• интерпретација на стил, агогика и динамика
Жирито ќе биде составено од три членови кои ќе бидат со соодветни квалификации, признанија и авторитет , а ќе бидат предложени и одобрени од Управниот Одбор на ЗМП.
Дипломи и награди
Сите учесници ќе добијат дипломи и пригодни награди .
до 60 поени Диплома за учество
од 61 до 75 поени – Трета награда
од 76 до 90 поени – Втора награда
од 91 – 100 поени – Прва награда
Учесниците на регионалните натпревари кои ќе освојат прво место со повеќе од 95 бодови (96 – 100) ќе се кваливикуваат за учество на државниот натпревар.
РОКОВИ И ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со пополнување онлајн апликација на страната на здружението www.muzika.org.mk од 1 до 15 Април.
Покрај пополнета онлајн пријава, да се симне, пополни и архивира документот за пријавување за секоја категорија кој може да го симнете на почетокот на оваа објава. Да се достави потврда за уплатена котизација (копија од уплатница) од 1500 денари за ансамблите за регионалните натпревари и 600 денари за солисти за регионалните натпревари. Ансамблите и солистите кои ќе се квалификуваат на државниот натпревар им важи истата котизација (не плаќаат дополнително).
Средствата да се уплатат на следната сметката:
Здружението на музички педагози на Република Македонија
300000001410804
Комерцијална банка
ЕДБ 4030001439759
Сите собрани средства ќе се искористат за трошоците за организација, обезбедување награди и за другите планирани проекти на ЗМП.
Viva la Musica!
Претседател на ЗМП,
Драган Вељковиќ
Leave a Reply