ПРИЈАВИ ЗА НАТПРЕВАР – 2025-2026

Почитувани,

Пријавите за натпреварите организирани од ЗМП треба да се направат на следниов начин:

  • Пополнете соодветна онлајн пријава водејќи сметка за точноста на податоците и за соодветното писмо. Пријавите пополнете ги на македонски јазик и македонска кирилична поддршка за фонтот, соодветно пополнете и пријава на албански јазик доколку тоа е наставниот јазик во училиштето.
  • Со оглед на тоа што само државниот натпревар ќе биде одржан со присуство во живо, во пријавите наведете линкови до Јутјуб каде претходно сте ги прикачиле снимките. Секоја изведба да биде во посебно видео со јасно назначени и препознатливи податоци на видеото и пожелно е учесниците да се претстават во видеото. Проверете дали линковите сигурно функционираат пред да ја испратите пријавата. Не се дозволени студиски снимки, монтирани снимки или снимки со повеќе камери и микрофони (ова не важи за бендовите). Ваквите снимки ќе бидат дисквалификувани.
  • Сите учесници треба да уплатат котизација за учество на натпреварот на сметката на ЗМП, или потврда за извршена уплата по фактура. Секоја пријава да биде проследена со посебна уплата. На уплатницата во „Цел на дознаката“ јасно да се назначи за кој кандидат е уплатата. За индивидуалните дисциплини да се наведе името и презимето на натпреварувачот, а за ансамблите името на училиштето и за каков ансамбл се работи. Котизацијата се уплаќа на следната сметка: Здружение на музичките педагози на Република Македонија , број на сметка 300000001410804, депонент на Комерцијална банка – Скопје. Со ЕДБ 4030001439759 или доколку ви треба фактура пополнете го следниов формулар за Фактура
    Во случај да е извршена уплата на фактура од страна на училиштето, таа потврда за уплата по фактура ја прикачувате на секоја пријава. За секоја дисциплина и/или индивидуален учесник пополнувате засебна пријава.
  • Онлајн пријавите задолжително треба да ги пополнат исклучиво менторите!!!
  • Потребните документи за пријава се следниве:
    – Хор, Оркестар, Бендови: Пријава и Список на учесници архивирани, уплатница или извод од уплатена фактура и нотен запис од изборна композиција за Хор и Оркестар, а за Бендови нотен запис од двете изборни композиции;
    – Вокални интерпретатори: Пријава – архивирана, уплатница или извод од уплатена фактура и матрица од песната.
    Доколку немате копија од пријавата може да ја симнете на следниве линкови:
    Вокална интерпретација
    Ансамбли
    Interpretues vokal
    Ansambël
    Известување: Кликнете на соодветниот линк, директно пополнете ја апликацијата во пребарувачот и најодозгора ќе ви се појави „Edits will not be automatically saved“ Кликнете на „Save now“ и ќе го симнете пополнет документот. Само печатите и носите во архива.
  • Крајниот рок за пријавување е до 24:00 ч. на 20 април по што постов автоматски ќе се затвори и комисијата ќе пристапи кон оценување на кандидатите.
  • Прворангираните со 96+ освоени бодови на регионалните натпревари во секоја од категориите ќе се пласираат и ќе настапат на државните натпревари за Вокални интерпретатори Хор, Оркестар и Бендови.
  • Државниот натпревар во категорија Вокална интерпретација ќе се одржи на 14 мај во Дом на млади, Штип.
  • Државниот натпревар во категории Хор и Оркестар ќе се одржи на 06 мај (Хор) и 07 мај (Оркестар) во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ – Кавадарци. За часот и програмите ќе бидете дополнително известени по завршување на регионалните натпревари преку е-пошта на е-адресата која сте ја доставиле во пријавата.
  • Државен натпревар за категорија Бендови, ќе бидете дополнително известени за местото и времето на реализација.
  • Доколку наидете на каков и да е проблем при пријавувањето напишете подолу во коментарот на оваа страна.
    Кликнете на тријаголничињата за да ги отворите линковите за соодветните онлајн пријави.
  • На сите учесници кои ќе се пријават им посакуваме успешни настапи! Viva la Musica, Да живее музиката!
Хор Оркестар Бенд, Основно и Средно образование
Вокални Интерпретатори

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *