Државен натпревар за основно образование по предметите хор и оркестар

Денес, во Домот на културата “25 Мај” во Валандово, се одржа Државниот натпревар за основни училишта по предметите Училиштен хор и Училиштен оркестар. Натпреварувачите ги оценуваа: Невена Бошковска – советник во БРО, Горан Стојанов – советник во БРО, Бехар Вејсели – професор по хор во МБУЦ и Атанас Атанасов – професор по музичка уметност, хор и оркестар. На напреварот учествуваа 40 ансамбли кои обезбедија пласман на регионалните натпревари. Домаќин на настанот е Општина Валандово за што изразуваме благодарност на Градоначалникот Перо Костадинов , а Претседател на организацискиот одбор е колегата Младен Костадинов. На домаќините им благодариме за гостопримливоста, а на учесниците за прекрасните настапи.

One response to “Државен натпревар за основно образование по предметите хор и оркестар”

  1. Shermin Ajdini Avatar
    Shermin Ajdini

    .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *